Леброн Џејмс со емотивен говор се обрати кон навивачите на Лејкерс (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс загубија на домашен терен од Портланд трејл блезјерс со 119-127 во првиот меч откако почина Коби Брајант, па сè беше во негова чест на натпреварот.

Пред почетокот на средбата беше одржан говор, а кон навивачите се обрати Леброн Џејмс. Тој ептен беше потресе по информацијата за Брајант, зашто се слушнале неколку часа пред несреќата.

„Имам нешто напишано, бараа од мене да одржам говор, но Лејкерс нацијо нема да ви продава с*ање што пишува и ќе зборувам од срце. Семејството е на прво место и додека ве гледам во салата забележувам дека сите жалиме, повредени сме и со скршени срца. Кога доаѓав во Лејкерс ми зборуваа дека сме семејство и во недела го видов тоа. Знам дека ќе се сеќаваме на Коби. 20 години тренинг, пот, желба и солзи за успех. Вечерва славиме момче кое дојде тука на 18 години. Коби ми е брат и додека бев во средно училиште ги гледав сите негови битки“, порача Леброн.