Елмас со солзи во очите го прослави првенецот, Наполи врза три победи во серија (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Наполи славеше нова победа, трета по ред во сите натпреварувања, откако со 4:2 славеше на гостувањето во Џенова кај Сампдорија.

Во натпреварот кој имаше интересен тек Наполи поведе со 2:0 со головите на Милик и нашиот Елмас во првиот дел, за во второто полувреме Кваљарела да постигне два погодоци од кои едниот беше феноменален за израмнување на резултатот.

Во последните десет минути од официјалните 90 минути, новото засилување на Наполи Деме погоди за 3:2, а конечниот резултат го постигна Мертенс.