Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ е свесен дека игра ужасно во дресот на шпанскиот гигант сезонава, иако беше ангажиран како големо засилување за нападот на „кралевите“.
Јовиќ знае дека тренерот Зинедин Зидан има неколку фудбалери, кои може да ги користи во нападот, меѓу кои се Герет Бејл, Винисиус Жуниор, Родриго, Иско, Брахим Дијаз и Мариано Дијаз, сепак и покрај тоа Србинот се надева дека ќе се избори со конкуренцијата.
„Некогаш се прашувам и самиот што се случува со мене. Убеден сум дека ќе се вратам во форма и ќе докажам дека сум во Реал Мадрид затоа што имам квалитет. Ќе ја оправдам нивната доверба“, порача Јовиќ.
На српскиот напаѓач му полека, но сигурно му истекнува времето затоа што на лето Реал планира да го ангажира Килијан Мбапе, па Јовиќ доколку не ја подобри формата, би можел да замине.