Кристијано Роналдо слави 35-ти роденден: Годините се само бројка, бидејќи телото покажува дека е многу помлад


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Кристијано Роналдо денес наполни 35 години.

Иако во доцните години прекрасниот Португалец е сè уште на највисоко ниво, за што сведочат неговите настапи во дресот на Јувентус Торино.

Тој одигра навистина добро оваа сезона и веќе постигна 19 голови на 19 настапи во Серија А, постигнувајќи 22 на 27 натпревари во сите натпреварувања.

Роналдо пред неколку месеци објави дека лесно може да игра до 40-тата година, што не е ни чудо, затоа што според „Тутопорт“, тој има тело на 28-годишник.

“Сето тоа ќе зависи од мотивацијата. Физички, можам да играм до 40-годишна возраст без никакви проблеми. Најважниот фактор ќе биде психата. Никој не трае вечно”, изјавил Роналдо.