Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Вардар од 19 часот ќе игра против Кил во вториот дел од сезоната во групната фаза од Лигата на шампиони, а македонската екипа на мечот не може да смета на Кизиќ, Кугис и Дисингер, кои се повредени, додека во дресот на „црвено-црните“ ќе го видиме Толедо.
Европскиот шампион не го памети по добро првиот меч во Скопје против Кил, откако германскиот гигант триумфираше со 31-20, а на полувреме имаше неверојатна предност од 16-4.
Вардарци се надеваат на многу подобар меч и можеби изненадување на гостувањето во Германија, па тренерот Стевче Алушовски ќе се обиде да ја најде слабоста на Кил и да ја искористи максимално.