Дилета Леота била главна ѕвезда на Сан Ремо по настапот на Ѓоковиќ (ФОТО)

Најубавата спортска водителка во Италија, Дилета Леота беше задолжена за водење на програмата на познатиот музички фестивал.

Фестивалот „Сан Ремо“ годинава имаше специјален гостин, а тоа беше Новак Ѓоковиќ, кој пристигна во Италија по освојување на трофејот на Австралијан опен, па излезе на бината, каде што го зема микрофонот и го покажа својот талент за пеење.

Потоа Ѓоковиќ се врати во публика и можеше да ужива во продолжение на програмата, која ја предводеше атрактивната водителка, која блескаше во фустан со длабоко деколте, па никого не остави рамнодушен.