Ќе ја тужи НФЛ поради Шакира и Џеј-Ло: Не сакав да гледам филм за возрасни на ТВ (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џенифер Лопез и Шакира направија вистински спектакл на полувреме на Суперболот минатиот викенд. Популарните пејачки изведоа феноменален перформанс, кој привлече големо внимание, посебно кај машкиот дел од публиката.

Меѓутоа, има и такви на кои им пречела појавата на пејачките на Суперболот и поради тоа планира да ја тужи НФЛ.

Дејв Даубенмир од Охајо бара отштета од НФЛ поради прикажување на филм за возрасни луѓе.

„Го вклучив ТВ за да гледам фудбал, а не за да гледам филм за возрасни“, вели Дејв.

Покрај НФЛ реши да ја тужи и компанијата Пепси и локалната кабловска компанија, а ќе видиме дали ќе го добие спорот.