„Скај Спортс“ со ексклузивна информација за иднината на Меси

Најеминентниот спортски медиум „Скај Спортс“ предмалку објави информации за иднината на Лионел Меси во Барселона.

Медиумот потврдува дека Лионел Меси има желба да остане во клубот и покрај јавната преписка со Ерик Абидал.

Извори блиски до 32 годишниот фудбалер за „Скај Спортс“ дале потврда дека тој воопшто не размислува за заминување ова лето и останува посветен на клубот.

Договорот на Меси истекува во 2021 година, но според клаузулата во него, Аргентинецот може да си замине без обесштетување  во летниот преоден рок.