Неверојатен дочек на Кеисуке Хонда во Бразил (Видео)

Јапонскиот фудбалер, Кеисуке Хонда по кратката авантура во Витезе кариерата ќе ја продолжи во Бразил.

Искусниот 33 годишен фудбалер потпиша договор со тимот на Ботафого, а денес Јапонецот за прв пат пристигна во Бразил.

Тој доби неверојатен пречек на аеродромот во Рио Де Жанеиро каде илјадници фанови на Ботафого приредија вистинска ерупција.