Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Интер славеше во дербито на Серија А против Милан со 4-2, иако на полувреме „росонерите“ имаа водство од 0-2, но потоа „нераѕурите“ го свртеа резултатот во своја корист и со три гола успеаа да освојат важни три бодови.
Милан водеше во првото полувреме по головите на Ребиќ и Ибрахимовиќ, по што „росонерите“ влегоа катастрофално во вториот дел, а тоа знаешеда го казни Интер, кој постигна два гола за само девет минути.
Брозовиќ успеа да го намали резултатот на 1-2, по што Вечино израмни на 2-2, а целосен пресврт направи Интер во 70. минута (3-2), додека конечните 4-2 ги постави Лукаку.