Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанска „Ла Република“ објави дека Јувентус планира да го отпушти Маурицио Сари и потоа да го врати Максимилијано Алегри во клубот.
„Бјанконерите“ загубија со 1-2 од Верона, а тоа беше нивни трет пораз во Серија А и му дозволија на Интер да ги стигне на табелата.
Сари беше ангажиран во Јувентус за да донесе поатрактивен фудбал и конечно да ја освои Лигата на шампиони, но резултатите сезонава ја разочараа управата.
Според италијанските медиуми Јувентус планира да го врати Алегри, кој уште има договор со „Старата дама“, па останува да видиме што ќе се случи во италијанскиот гигант.