Јувентус испрати предупредувачка порака до шест играчи!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Секој пораз кај Јувентус предизвикува мал „земјотрес“, и така го има последниве денови по една навистина ужасна и непрепознатлива партија против Верона.

Иако Јувентус сеуште се бори за сите три трофеи во клубот од Торино алармот се вклучува по секој пораз, поради што требаше да реагираат претседателот Андреа Ањели и спортскиот директор Фабио Паратичи.

Ањели вечераше со Маурицио Сари за да разговара за моменталната состојба на тимот и што треба да се промени бидејќи на тимот му недостасува жар и желба за победа, особено во Серија А.

Претседателот на Старата дама исто така беше во тренинг-центарот „Континас“ каде што собра информации од Павел Недвед и од Паратичи. Шест играчи ќе бидат под лупа до крајот на сезоната.

Миралем Пјаниќ, Блејз Матуиди, Федерико Бернардески, Даглас Коста, Алекс Сандро и Гонзало Игуаин се играчи кои треба да ја подобрат формата како што напредува сезоната, или може да заминат во текот на летото.

Од нив е побарано да дадат се од себе во продолжение на сезоната. Тие ќе имаат шанса да се докажат во четврток кога Јувентус е домаќин на Милан во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија.