Егзодусот од Вардар продолжува: Криштопанс се сели во Германија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Летонскиот џин Даинис Криштопанс реши да преземе нешто затоа што европскиот шампион Вардар се наоѓа во голема финансиска криза и не може да им ги исплати платите на ракометарите.

Егзодусот од Вардар долго време се најавуваше, а сега почна и да се реализира. Криштопанс, кој беше најдобриот ракометар во првиот дел од сезоната реши да потпише за Фуксе Берлин, па реши да се огласи на сајтот на германскиот клуб.

„Најпрво сакам да му се заблагодарам на Вардар и Скопје за одличното време кое го поминав таму и за кое освоивме многу титули. Посебно важен беше трофејот во Лигата на шампиони, не може секој да се пофали со таква титула. Сега сум горд што потпишав за еден од најдобрите клубови во Бундеслигата“, порача Криштопанс.