ПСЖ прави шокантен трансфер и ќе „украде“ играч на Манчестер Јунајтед во кој многумина имаат голема верба

Од редовите на ПСЖ се подготвени во летниот преоден рок да го донесат голманот на Манчестер Јунајтед, Дин Хендерсон.

Хендерсон во моментов настапува како позајмен играч во Шефилд Јунајтед и е најдобриот голман ов Премиер лигата.

Настапите на Хендерсон не останаа незабележани, па за него освен ПСЖ се интересираат и Тотенхем и Челси, а Манчестер Јунајтед тешко дека ќе го пушти да си замине перманентно.

Се верува дека следната сезона, Хендерсон повторно ќе ја помине на заем во Шефилд Јунајтед, а веќе од наредната ќе конкурира на Давид Де Геа за прв избор меѓу стативите на „Олд Трафорд“.