Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер донесе одлука кога станува збор за сезоната на турнири на земја, па тој реши да ги прескокне сите турнири освен вториот гренслем во сезоната Ролан Гарос.
Нешто слично направи и во 2018 година, само што тогаш го пропушти и Ролан Гарос, а овој пат ќе игра во Париз, но затоа ќе ги пропушти турнирите во Мадрид, Монте Карло, Рим итн.
Одлуката на Федерер е очекувана со оглед на тоа дека ниту во претходните сезони не играше премногу на земјените турнири.
Овој 38-годишен тенисер ја почна солидно сезоната и тоа на Австралијан опен, каде што стигна до полуфиналето и беше елиминиран од Новак Ѓоковиќ со 0-3 во сетови.