Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веселин Вујовиќ, тренерот на Загреб, беше казнет од страна на ЕХФ поради неспортското однесување на мечот од Лигата на шампиони против Фленсбург (25-26).
Искусниот стратег не беше задоволен со судењето на мечот против германскиот гигант, а покрај Вујовиќ, казнет беше и менаџерот на тимот Божидар Јовиќ.
Вујовиќ ќе мора да плати 2.000 евра како казна, а притоа нема да може ниту да ја предводи екипата против Барселона во следното коло.
Клубот има право на жалба во рок од седум дена, но таа не би променила премногу што се однесува до суспензијата на Вујовиќ, па така Загреб остана без главен тренер за мечот против Барселона.