Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Искусниот бразилски стручњак Луиз Фелипе Сколари веќе некое време е без клубо како го напушти Палмеирас.
Овој 71-годишен тренер одлучи да земе пауза од тренерската работа, но пораќа дека сеуште нема намера да оди во пензија. Сколари неодамна даде занимливо интервју за бразилските медиуми во кое зборуваше за многу работи.
Сколари ја прокоментира и вечната дилема, а тоа е кој е подобар фудбалер Роналдо или Меси.
Поранешниот селектор на Бразил ги пофали и двајцата, но некако даде до знаење дека повеќе го „преферира“ Меси.
„Единствена лоша работа во животот на Кристијано Роналдо е Лео Меси. Да не е Меси сигурен сум дека Роналдо барем пет години по ред би бил најдобар играч во светот“, изјави Сколари.
Сколари во својата кариера водеше разни клубови, а сигурно дека најголем успех му е освојувањето на Светското првенство со Бразил во 2002. година. Тој го водеше и Роналдо на почетокот на кариерата, бидејќи тогаш беше селектор на Португалија од 2002. до крајот на 2007. година