Симеоне може „вода да му носи“: Тренер од Танзанија ги изнервира навивачите (ВИДЕО)

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне минатата сезона во Лигата на шампиони на непристоен начин гестикулираше по победата против Јувентус.

Тогаш на навивачите им го покажа своето меѓуножје, а нешто слично направи и еден тренер во Танзанија.

Тренерот очигледно го понесоа емоциите, па не можеше да се воздржи и реши да ги провоцира навивачите на неговиот поранешен клуб.