21 години од најспектакуларната одбрана во историјата на фудбалот

На вчерашен ден пред точно 21 година “Вембли“ остана без воздух после лудиот потег на уникатниот колумбиски мајстор.

Тој септември Англија на митскиот „Вембли“ ја дочека Колумбија во пријателски натпревар, а гостинскиот голман Рене Игита ја одбележа вечерта.

При едно промашено уфрлување на Џејми Редкнап Колумбиецот требаше само да ги испружи рацете и мирно да ја прифати топката која безопасно одеше кон мрежата.

Сепак, направи нешто целосно спектакуларно и неочекувано. Отиде напред и со пета ја исфрли топката од казнетиот простор.

„Многумина велат дека шкорпион е удар на гение, па многумина пак ќе кажат дека е потег на будалите. Но јас мислам дека тоа беше божјо дело. Совршено изведено“, порача Рене.