Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал игра катастрофално лошо оваа сезона, а една од ретките светли точки во тимот е младиот Габриел Мартинели.
Фудбалерот пристигна во Арсенал оваа сезона и веќе докажа дека ќе биде одличен фудбалер на клубот во иднина.
Мартинели сега откри дека четири години со ред доаѓал на проби во Манчестер Јунајтед, меѓутоа клубот од „Олд Трафорд“ никогаш не испратил понуда за него.
„Имаше договор помеѓу Итуано и Манчестер Јунајтед кој ми дозволуваше да одам таму секоја година, четири години по ред, и да тренирам со постари или играчи кои се моја генерација. Јунајтед не испрати понуда, па јас се вратив да си работам во Итуано“ –изјави Габриел Мартинели.