Во шишето за вода е тајната за одбранетите пенали на Тим Крул (ФОТО)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тим Крул е херој на Норвич.

Искусниот холандски чувар одбрани два пенали и ги однесе Канаринците во следната фаза од ФА Купот.

Крул очекуваше пенали на овој натпревар, па на шишето со вода напиша како шутираат фудбалерите на Тотенхем.

На крајот помина добро. Ги одбрани ударите на Трој Парот и на Жедсон Фернандес, Ерик Ламела удри во пречката, но Норвич помина понатаму.

Крул честопати се покажа како експерт за пенали, а оваа сезона им одбрани на фудбалерите на Манчестер Јунајтед дури два удари од 11 метри во едно полувреме.