Аларм во Париз: Мбапе се разболел и го пропуштил тренингот на ПСЖ

ПСЖ се соочува со неочекувани проблеми пред реваншот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони. Денеска беше објавено дека тие ќе бидат без поддршка од трибините поради коронавирусот, а најновите информации се дека би можеле да останат и без важен фудбалер.

„Ле Паризиен“ објави дека Килијан Мбапе не се појавил на денешниот тренинг затоа што е болен, односно има проблеми со неговото грло, па поради тоа би можел да го пропушти мечот и против Дортмунд.

Се очекува Мбапе да почне со тренинг во текот на утрешниот ден доколку му биде подобро здравјето, а ова е навистина неочекуван удар за парижаните, кои се надеваат дека ќе го „скокнат“ германскиот гигант во нокаут-фазата од елитното натпреварување.