Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако во јавноста со коментар се јави селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, истото го стори и капитенот на репрезентацијата, Горан Пандев.
И двајцата се најдоа затекнати по одлуката на владата натпреварот против Косово да се игра без гледачи, па сега и официјално ќе се бара натпреварот против Косово да биде одложен.
Пандев преку својот профил на Инстаграм побара да биде одложен натпреварот кој е од историска важност за репрезентативниот фудбал во Македонија.
„За мене пласманот со Македонија на Европско првенство е многу повеќе од сите освоени титули. жИвееме за слика од нашиот стадион со триби покриени од навивачи во црвено жолта боја, кои ќе ни дадат сила и мотив да го надополниме се она што фудбалски го пропуштивме во последните 20 години. Дајте ни шанса за вистински спектакл, дајте ни шанса со нашите навивачи да се радуваме на победа и да бидеме на чекор од Европското првенство. Здравјето е најважно и секогаш се молиме за тоа, но дајте ни можност да го оствариме и она за што сме сонувале како деца. За доброто на сите, одложете го натпреварот . И поради здравјети и затоа што е фер и спортски…“ –порача Горан Пандев.