По повеќе од 20 години, Интер ја прекинува соработката со Најк


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер има повеќе од 20 години успешно партнерство со американската компанија за спортска облека Најк, но се чини дека тоа заврши.

Најк ги „облекува“ играчите на Интер од 1998 година, но италијанските медиуми наведуваат дека соработката ќе биде прекината по повеќе од 20 години. Интер по сезона заработува околу 10 милиони евра од Најк, но тие бараа таа сума во иднина да биде поголема.

Најк, наводно, не се согласил на ваквата понуда на Интер, поради што клубот од Џузепе Меаца ќе се договори со други компании. Според Калчомеркато, Интер е многу близу до постигнување договор со „Адидас“.

Главната цел на Интер е да заработи барем приближно колку Јувентус, бидејќи Старата дама е далеку напред со 51 милиони евра годишно што ги земаат од „Адидас“.

Но, големото прашање е дали Адидас е подготвен да понуди исто толку пари. Повеќе информации ќе бидат достапни следниот месец кога ќе се сретнат Интер и Адидас.