Ролан Гарос ќе се игра дури во септември!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Организацијата на Ролан Гарос соопшти дека гренслем-турнирот ќе се игра дури во септември, иако беше закажан за во мај.

Тенискиот турнир во Париз ќе се игра од 20 септември до четврти октомври, а причина е коронавирусот, која владее ширум Европа, па веќе беа откажани многу турнири во АТП и ВТА, како и во другите спортови.

Тенис нема да гледаме во следните два месеци, но многу работи ќе зависат од пандемијата на вирусот, односно од тоа дали ситуацијата ќе биде подобра или не.

Титулите на Ролан Гарос ги бранат Рафаел Надал и Ешли Барти.