Гундоган откри дека му кажал на еден играч на Сити да остане во клубот

Манестер Сити нема баш најдобра сезона зад себе, по одличната мината сезона во која ги собра сите трофеи во Англија.

„Граѓаните“ сега се соочуваат со заминување на некои играчи, а меѓу нив веројатно ќе биде и Лерој Сане за кого има интерес од Баерн Минхен.

Неговиот сонародник, Илкај Гундоган одговараше прашања на Твитер, а едно прашање беше поврзано токму со Сане. Фан на Сити го праша играчот дали му рекол на Лерој да остане во клубот, на што играчот од средниот ред изјави:

„Секако. Би бил среќен ако остане мој соиграч долги години. Ќе видиме што ќе се случи“ –напиша Гундоган.