Ќе мора да почекаме за фудбал: Англичаните ќе паузираат до 30 април! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалската асоцијација на Англија донесе одлука да се одложат натпреварувањата до 30 април. ФА ја донесе одлуката на состанокот со клубовите па така фудбал на Островот нема да има повеќе од еден месец.

Секако, постои можност дополнително да се промени датумот ако пандемијата трае уште подолго во Англија, но тоа што е сигурно е дека во Премиерлигата нема да се игра до 30 април.

Исто така, беше донесена одлука дека не мора првенството да заврши во јуни, па дуели од Премиерлига би можеле да гледаме и во јули. Претходно ФА го суспендираше првенството до почетокот на април, но едноставно не постојат никакви услови да продолжи првенството.