Пукна „љубовта“: Барселона ќе се раздели со Гризман


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Антоан Гризман не игра како што се очекува од него во Барселона, па навивачите ги критикуваат постојано, а сега и каталонските медиуми пишуваат дека ќе биде продаден.

Каталонците пишуваат дека Гризман ќе биде продаден, а Барселона планира да си врати голем дел од сретствата вложени во неговиот трансфер, односно очекуваат сума околу 100 милиони евра.

Постојат неколку заинтересирани клубови за Французинот, меѓу кои се Манчестер јунајтед, Арсенал, Челси, но и францускиот гигант ПСЖ.

Да потсетиме, Гризман минатото лето пристигна на „Камп Ноу“ за сума од 120 милиони евра, а во дресот на Барселона постигна 14 голови на 37 меча.