Распродажба на „Камп Ноу“: Барселона ќе се ослободи од осум фудбалери

Барселона се подготвува за распродажба на фудбалери во летниот преоден рок. Раководството на Каталонците има намера да го засили тимот со некоку нови имиња, а за да се случи тоа, најпрво треба да ги продадат непотребните фудбалери.

Каталонски „Спорт“ објави кои фудбалери ќе бидат продадени од Барселона во текот на летото, а листата е навистина интересна.

Неа ја предводат Филипе Кутињо и Антоан Гризман, а на листата се наоѓаат уште и Иван Ракитиќ, Самуел Умтити, Артуро Видал, голманот Нето, Карлес Алења и Мартин Брајтвајт.

Дури осум фудбалери ќе бидат ставени на трансфер-листата и Каталонците се надеваат дека сите ќе ги продадат во текот на летото.