Добиваа милиони, а сега се бунат: Ѕвездите на Барселона не сакаат помали плати!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Првотимците на Барселона го одбија предлогот на раководствотона Барселона за намалување на платата. Поради пандемијата на вирусот, многу клубови мораат да ги намалат платите на вработените и фудбалерите, а ѕвездите на Каталонците требаше да останат без половина плата.

Меѓутоа, тие не сакаат да слушнат за такво нешто и покажаа колку се себични во време кога целиот свет се бори со опасниот вирус.

Според шпанскиот закон, клубовите во случај на пандемија или слични ситуации може да им ја намали платата на фудбалерите за 70 проценти, па би можел претседателот на Каталонците, Жозеп Марија Бартомеу да се реши на таков потег.

Натпреварите во Шпанија поради ситуацијата со Ковид-19 не се играат веќе две недели, а тимовите не се вратени ниту на тренинг, па засега се очекува развој на ситуацијата.