Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Абделхак Нури беше голема надеж на Ајакс, но неговата кариера беше прекината на ужасен начин. Пред три години во пријателски меч против Вердер Бремен фудбалерот доживеа срцев удар на теренот.
Нури претрпе оштетувања на мозокот поради кои повеќе од две години беше во кома. Поранешниот холандски фудбалер денеска има 22 години и неговата рехабилитација оди по план.
Ајакс тогаш пораа дека за Нури ќе се грижат до крајот на животот, но очигледно во меѓувреме работите се променија.
Нури до пред неколку дена беше под договор со Ајакс, кој требаше да истече на крајот на сезоната, но автоматски се продолжи на уште една година, а тоа во екипата не го прифатија.
Медиумите од Холандија објавија дека Ајакс реши да го раскине договорот со Нури, а тој треба да добие отштета. Клубот му нуди околу пет милиони евра, но семејството сака двојно повеќе.