Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид во претходните денови соопшти дека нема да намалува плати на фудбалери и членови на стручниот штаб, но сега пристигнуваат поинакви информации.
Шпанските медиуми објавија дека биле направени пресметки во Мадрид и дека поради коронавирусот мора да се намалат платите.
Барселона се реши на таков потег, па Лионел Меси и соиграчите се откажаа од 70% од платите додека трае кризата за да можат сите вработени на Каталонците да добијат плати.
Реал Мадри заедно со фудбалската и кошаркарската селекција има околу 800 луѓе, а најголем товар треба да поднесат фудбалерите и кошаркарите.
„Кралевите“ минатата година ја завршија со плус 156 милиони евра, но сега не може да сметаат на ТВ-правата, па би можеле да се соочат со голем проблем.