Забава за мали деца на Балаидос – Атлетико ја потопи Селта Виго


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во првиот натпревар денес од Ла Лига, Атлетико Мадрид ја совлада Селта Виго на Балаидос со 0:4.

Тимот на Диего Симеоне се разбуди после 2 кола кога против новите во Ла Лига одигра само нерешено. Селта Виго сезоната ја почна со два порази, а денес го запиша и третиот.

Натпреварот подобро го започнаа фудбалерите на Селта Виго кои беа помоќни во првото полувреме. Имаа две шанси за погодок, но ударите на Сене и Бонгонда беа непрецизни. Второто полувреме донесе 4 погодоци и сите во мрежата на Селта Виго.  Во 53-та минута Коке погоди за водство на Атлетико Мадрид на асистенција на Гризман. Французинот, Антоан Гризман постигна 2 погодоци со глава и го зголеми водството на 3:0. Кореа во 89-та минута ги постави конечните 4:0.