Поради млад играч на Јунајтед, Солскјер ја запира потрагата по ново засилување

Многумина беа убедени дека во летниот преоден рок Манчестер Јунајтед ќе тргне по ангажман на лев бек.

Тоа беше така затоа што Ешли Јанг го напушти клубот, а Лук Шо почесто беше на трибините отколку на теренот.

Сепак, во целата таа ситуација Солскјер успеа во првиот тим да го вметне Брендон Вилијамс кој иако е доста млад игра одлично на оваа позиција.

Тој сега ја дели минутажата со Лук Шо и се очекува следната сезона да има повеќе минути зад своето име. Токму затоа, Солскјер се откажал од намерата за ангажман на лев бек и шанса в година ќе даде и на годинешниот двоец, Шо- Вилијамс.