Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познатиот српски фудбалер Александар Пријовиќ бил уапсен синоќа во еден хотел. Фудбалерот на саудиски Ал-Итихад бил приведен во 17 часот во барот на хотелот поради кршење на полицискиот час, а заедно со него бил и уште еден познат пејач.
Фудбалерот заедно со неговиот пријател не го почитувал правилото на полициски час, поради што тие морале да бидат уапсени и најверојатно ќе останат зад решетки некое време.
Србија воведе остри мерки за кршење на правилата во текот на пандемијата на коронавирусот, а во овој случај останува да видиме дали и фудбалерот ќе мора да биде спроведен во затвор.
Да потсетиме, неодамна во центар на внимание поради кршење на правилата беше и фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, кој успеа да се извлече на крајот.