Пол Погба решен да го напушти Манчестер Јунајтед, ќе искористи правило на ФИФА за да го стори тоа


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Францускиот фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба дефинитивно е решен да си замине од клубот во летниот преоден рок.

Погба наводно сака да го засили Реал Мадрид и трансфер во „кралскиот клуб“ е најверојатен во овој момент затоа што Јувентус нема пари да си го дозволи неговиот потпис.

Како што јавува „Л’Екип“ Погба за трансферот ќе се обиде да го искористи правилото на ФИФА и сам ќе си го дооткупи остатокот од неговиот договор со Манчестер Јунајтед.