Боатенг не е мета на Арсенал, „топчиите“ посакуваат тројца играчи од дефанзивата

Германскиот „Билд“ пренесе дека Арсенал заедно со Челси ќе тргнат по ангажман на фудбалерот на Баерн Минхен, Жером Боатенг.

Сепак, „Скај Германија“ веднаш ги демантираше тие објави и пренесе дека Арсенал засега не е заинтересиран за Боатенг, но дека Челси се распрашува за неговиот потпис.

Медиумот пренесе дека Микел Артета ќе се обиде да донесе стопер од Германија, меѓутоа тоа нема да е Боатенг. Се шпекулира дека Арсенал е заинтересиран за Дајот Упамекано, Џонатан Тах и Еван Ндика.