Шлаканица за Арсенал: Земаат милиони, а не сакаат намалување на плата од 12,5%!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал го одбија предлогот на управата на клубот да им се намалат платите поради кризата од пандемијата на коронавирусот.

Раководството и играчите се обидуваа минатите две недели да дојдат до договор, за да се намалат трошоците на клубот додека сезоната е прекината.

Наводно се споменувале неколку опции, но договор уште не е постигнат. Последно што предложила управата е намалување од 12,5% од годишната плата, а тоа фудбалерите веднаш го одбиле.

Проблемот е што управаата бара од играчите трајно да се откажат од тие пари, на што тие не се подготвени. Како што се шпекулира, фудбалерите би се согласиле заработката да им биде одложена.

Арсенал годишно на плати троши околу 265 милиони евра.