Круз сподели радосни вести, Михајловиќ ја победил болеста

Некогашниот напаѓач на Интер, Хулио Круз во јавноста сподели убави вести поврзани со Синиша Михајловиќ.

Круз откри дека често се слуша со Михајловиќ и откри дека Србинот ја победил тешката болест со која се соочи во изминатава година.

„Синиша не е човек, тој е ѕвер. Го побарав пред неколку недели. Фала му на Бога делува дека леукемијата остана зад него. Нашите семејства се многу блиски, па и сопругите често се слушаат по телефон“ –изјави Круз.