Циркус во Шпанија: Валенсија го пријави фудбалскиот Сојуз до УЕФА

Валенсија го пријави Фудбалскиот сојуз на Шпанија до Европската фудбалска унија (УЕФА). Шпанскиот тим се налутил поради тоа што неколку клубови предложија да се прекине сезоната, а местата во европските натпреварувања да ги добијат тимовите според актуелната табела.

Тоа не им се допадна на луѓето во Валенсија, кои случајот го пријавија во УЕФА, а се очекува истото да го направи и Атлетико Мадрид, кој не е во топ-4, па најверојатно ќе остане без Лигата на шампиони (ЛШ) во таков случај.

Во ЛШ се Барселона, Реал Мадрид, Севилја и Реал Сосиедад, а во Лига Европа се Хетафе, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао како финалист во шпанскиот Куп.

Се поставува прашањето зошто фудбалскиот сојуз воопшто предложил такво нешто, кога е познато дека УЕФА строго забрани да се прекинат првенствата.