Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска е донесена конечна одлука фудбалот да се врати на Апенинскиот полуостров на почетокот на месец мај.
Играчите на клубовите на 4 мај ќе може да се вратат на индивидуални тренинзи, а групните тренинзи ќе започнат на 18 мај.
„Сите покажавте сила, храброст, одговорност. Новата фаза од животот со вирусот започнува сега, но се уште мора да бидеме внимателни. Сега е најважно да се држиме до социјалната дистанца, најмалку еден метар. Ако не држеме дистанца, работите може да се влошат. Ако ја сакате оваа земја, почитувјате ги правилата. Спортистите ќе може да тренираат од 4 мај. Секако, тие ќе мора да ги почитуваат мерките за социјална дистанца. После тоа ќе донесеме нови мерки кои ќе започнат од 18 мај“ –изјави премиерот на Италија, Џузепе Конти.