Арсенал води во трката за ангажман на фудбалер на Челси


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еминентниот медиум „ЕСПН“ пренесува дека Арсенал е фаворит за потписот на играчот на Челси, Вилијан.

Бразилецот ќе си замине од редовите на Челси ова лето откако неговиот договор со клубот од „Стемфорд Бриџ“ ќе истече. Вилијан има договор до 30 јуни и се уште не е познато дали дополнително ќе го продолжи за да може да го доигра првенството со Челси кое ќе трае до крајот на месец јули.

Каталонскиот весник „Спорт“ неодамна објави дека Ливерпул е заинтересиран за Вилијан, а некои англиски медиуми претходно пренесоа дека и Тотенхем ја разгледува опцијата да го ангажира фудбалерот кој изрази подготвеност да остане во Премиер лигата.