Ди Марцио откри дека Интер дефинитивно нема да го откупи Санчез, но посочи дека тој би можел да остане во Серија А


Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓


Еден од најугледните новинари кои се занимава со трансферите, Џанлука Ди Марцио пренесе свое видување за ситуацијата на Алексис Санчез во Интер.

Според Ди Марцио сепак постои можност Чилеанецот да остане во Серија А, доколку Рома го обнови интересот кој го имала за него минатото лето.

„Јасно е дека Интер не сака да го откупи Алексис Санчез. По крајот на позајмицата тој ќе се врати во Манчестер Јунајтед , а јас не знам дали Солскјер го сака во тимот или ќе дозволи да се зборува со другите клубови. Рома сакаше да го донесе Санчез миантото лето, па постои можност да се обидат да го донесат сега“ –изјави Ди Марцио.