Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Менаџерот на Рома, Пауло Фонсека откри дека Хенрик Микитаријан донел конечна одлука околу својата иднина.
Ерменскиот репрезентативец посакал да остане во Рома и подолг период и да не се враќа во Арсенал кога неговата позајмица ќе истече. Тоа значи дека „волчицата“ ќе ја активира опцијата за негов перманентен ангажман во летниот преоден рок.
„Еднаш веќе кажав, ќе кажам пак, сакам Микитаријан да остане. Хенрик го сака тоа исто така. Како и да е, се мора да се паузира во овој момент. Ние се уште треба да зборуваме со Арсенал. Сакам да продолжам да работам со него затоа што е одличен фудбалер и голем човек“ –изјави Фонсека.