„Леброн не би освоил прстен во ерата на Чикаго, Џордан секогаш ќе беше подобар!“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американскиот новинар Макс Келерман вели дека Леброн Џејмс никогаш не би освоил шампионски прстен во ерата на Чикаго булс со Мајкл Џордан.

Во емисијата на „ЕСПН“, Келерман навистина имаше жесток пристап кон ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс.

„Само ова ќе ви го кажам. Во ера на Чикаго, Леброн не би освоил шампионски прстен. Не ме интересира во кој тим ќе биде или кој ќе игра со него. Џордан секогаш ќе беше подобар!“, кажа Келерман.

Џејмс во досегашната кариера има освоено три трофеи, поточно два освои со Мајами хит и еден со Кливленд кавалирс.