За сите правилата се исти: Роналдо мора да оди во 14-дневен карантин!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо пристигна во Италија, па следните две недели ќе мора да ги помине во самоизолација додека се чека одлуката за можност да биде продолжено првенството.

Роналдо, откако беше прекинато натпреварувањето во Серија А, замина во татковината каде што остана два месеци.

Освен Роналдо, уште неколку фудбалери на Јувентус, меѓу кои Федерико Бернардески, Хуан Квадрадо, Леонардо Бонучи, Арон Ремзи, Матијас де Лихт, Блез Матуиди и Гонзало Игуаин, мора да останат две недели во самоизолација пред да се вратат на тренинг.

Да потсетиме, Италија беше една од најпогодените држави во светот од пандемијата на коронавирусот, а многу луѓе го загубија животот.