Одби понуда од 50 милиони евра поради својата мајка


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вотфорд во летниот преоден рок беше приморан да одбие неверојатна понуда тешка 50 милиони евра.

За услугите на 27-годишниот Одион Игало беше заинтересиран богатиот Шангај СИПГ, а иако во Вотфорд беа спремни на продажба, овој 27-годишен нигериски напаѓач одби понуда поради својата мајка.

„Парите не ме пореметија. Тоа е се големо и лудо, но кога ќе дојде време, “ќе одам“, изјави Игало за странските медиуми и потоа продолжи:

„Мајка ми и останатите членови во мојата ме гледаат во акција во најдобрата лига на светот.

Во Кина не можат да ме следат така лесно. Имам и понатака недовршена работа во Англија. Сега ми е потешко бидејќи ме познаваат сите многу подобро, секој дефанзивец сака да игра против мене со сета своја сила и е многу посилна отколку што беше случај од минатата сезона“, истакна Нигериецот.

Потегот на Игало е дочекан со воодушевување од страна на навививачите, со оглед дека во историјата Вотфорд не доживеа играч да му одбие богат трансфер.