“Орлите” веруваат дека Хоџсон ќе може да се врати на работа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Кристал Палас се уверени дека тренерот Рој Хоџсон ќе биде во можнот да ги исполнува своите обврски и да работи нормално со тимот во втората половина на мај.

На Селхурст парк се појави загриженост дека Хоџсон, кој е најстариот тренер во Премиер лигата, нема да може да ја извршува функцијата на вистински начин заради неговата возраст.

Загриженоста се појави откако британската влада издаде серија насоки кои, меѓу другото, го ограничуваат контактот со членови од најризичната група, оние постари од 70 години, со кои можат да ги имаат со сите други. Се разбира, споменатите насоки беа донесени со цел да се борат против пандемијата на новиот коронавирус.

Рој Хоџсон припаѓа на споменатата група на „клинички ранливи“ луѓе, со оглед дека англискиот стручњак е 72 години.

Сепак, оваа недела британската влада ги релаксирае рестриктивните мерки и сега од Кристал Палас очекуваат дека Хоџсон ќе може да ги следи тренинзите на тимот без никакви проблеми, откако лондонскиот тим ќе се врати редовни тренинзи на 18. мај.

„Орлите“ прво ќе започнат со индивидуални тренинзи, потоа треба да се преселат на работа во помали групи, а она што сите го очекуваат е можно продолжение на натпреварувањето во јуни.