Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Лоши вести пристигнуваат од Милано, односно од тренинг-центарот на Милан. „Росонерите“ се подготвуваат за враќање на тренинзи, а почнаа и со собирање во кампот, но потоа ги погоди информацијата дека тројца нивни играчи се заразени со коронавирус.
Италијански новинар откри дека членовите на Милан се позитивни на Ковид-19, но не е откриено за кого точно станува збор.
Претходно Фиорентина објави дека во тимот има шест заразени лица, а во Сампдорија беа четворица позитивни.
Оваа вест воопшто не оди во прилог на клубовите, кои сакаа да го продолжат првенството во јуни.