Серија А повика итен состанок – ќе продолжи ли сезоната?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италијанската Серија А повика итен состанок на 13 мај, каде што ќе се разговара за враќање на сезоната и за ТВ-правата.

Сите 20 тимови се за доигрување на првенството, но изештаите од минатиот месец се дека тие планираат да ги тужат телевизиите, доколку не им исплатат 233 милиони евра.

Коронавирусот им направи проблем и на телевизиите, зашто не можат да пренесуваат фудбал во живот уште од марс поради карантинот.

Во секој случај, Бундеслигата е прва која официјално потврди дека ќе направи рестарт на сезоната на средината на овој месец. Тие веќе почнаа со тренинзи на кои се почитуваат правилата за растојание и индивидуални тренинзи.